Видео средба на Димитров со Вархеи и министрите од регионот за вакцините


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров попладнево на иницијатива на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархји, учествуваше на координативната видео средба заедно со колегите од регионот.

Како што информира Секретаријатот за европски прашања, на состанокот биле разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен Балкан.

„Се работи за дополнителни дози вон Ковакс механизмот за кои Европската унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА фондовите“, стои во соопштението.