(ВИДЕО) Срамна расправа во Собранието, платите на наставниците изговор за креирање хаос


Фото: Б. Грданоски

Пратеничката од СДСМ пак, Санела Шкријељ праша зошто цела година опозицијата го кочи законот и што им пречи наставниците кои предаваат изборни предмети да добијат трајно вработување. Дали пратениците од ВМРО се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време наместо, како што се научени, да ги држат во неизвесност и да ги злоупотребуваат нивните гласови кога тоа име потребно, праша Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Предлог законот за наставници и стручни соработници е ставен на маса пред 8 месеци. Расправата за него, се уште не е почната. 

-ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со своето срамно и недолично однесување. Со викотници и расправии повторно ја блокира постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници. Со ова ВМРО-ДПМНЕ спречува покачување на платите на 27.000 наставници и стручни соработници. Спречува трансформација на работниот однос од определено на неопределено време на 4.700 вработени во училиштата, кои не можат да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го кочи предлог законот за наставници и стручни соработници, а денеска и вчера нивните деструкции ескалираа и покажаа дека сакаат да креираат кризи, дека се подготвени да применат и физичко насилство само за да не бидат усвоени овие измени. Дрското и безобразно однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е на штета на наставниците, образованието, на штета на граѓаните, реагираа од СДСМ.