(ВИДЕО) Сопругата го поддржа Пендаровски со видео обраќање: Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за народот


Елизабета Георгиевска, сопругата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, го поддржа преку видео-обраќање.
-Го знам 23 години и од секогаш знам дека е човек на кого можам да сметам, бескрајно посветен, чесен, храбар, секогаш тука за другите. Претседателот е само функција и нема да ја промени личноста. За него неуспех не е опција. Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Затоа знам дека со него сите ќе одиме напред – порачува таа.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2152038041512745/