(Видео) Со камион урнаа капија, упаднаа во зградата на парламентот на Киргистан

 

Демонсктантите во Киргистан упаднаа во зградите на владата и на парламентот и ги ослободија поранешниот претседател и премиерот од затвор.

Нередите во главниот град на Киргистан, Бишкек избија како резултат наизборите. Полицијата против демонстрантите користеше гумени куршуми,солзавец и водени топови, но граѓаните на Бишкек беа надмоќни и упаднаа воз градата.

Според Министерството за здравство во судирите со полицијата повредени биле 590 луѓе, а 15о завршиле во болница.

Парламентарните избори се одржаа во неделата, а штом излегоа изборните резултати, приврзаниците на опозицијата, кои не успеаја да победат, излегоа на улиците на Бишкек и настана хаос.

Демонстрантите најпрво со камион ја урнаа портата пред „Белата куќа’, каде се сместени највисоките државни институции на Киргистан, а потоа упаднаа во зградата. Според извејштаи од терен, дамо неколку минути пред упадот во зградата на парламентот забележан е конвој автомобили како го напушта објектот, па демонстрантите кои влегоа внатре не затекнаа високи функционери.

Потоа демонстрантите од затвор ги ослободија поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев и премиерот Сапар Исаков.

Светските агенции пренесоа и дека во „Белата куќа“ избил пожар, кој брзо бил изгасен.

Атамбаев е осуден на долгогодишна затворска казна поради корупција, по судирот со наследникот Соронбај Женбеников.

Атамбаев беше претседател од 2011 до 2017 година, а беше уапсен лани во август.

Обвинет е за користење на силите прови припадниците на полицијата, организирање масовни протести, убиство и обид за убиство, земање заложници и други злосторства, вклучително и корупција.

Учесниците на протестот го ослободија од казнената колонија во селото Молдовановка и поранешниот премиер Сапар Исаков кој ја предводеше владата од 2017 до 2018 година.

Опозиционерите зазедоа и уште неколку згради, меѓу кои и седиштето на градоначалникот на Бикшек и именуваа вршеител на должност шеф на национална безбедност, државен обвинител и командант на главниот град, пренесе Ројтерс.

Според локалните медиуми, гувернери на неколку провинции поднеле оставка.

На изборите во неделата, партијата Биримдик (Единство), предводена од приврзаниците на претседателот Соронбај Женбеков, освои 24,45 отсто од гласовите, според неофицијални податоци од изборната комисија.

Зад неа е партијата Мекеник Киргистан, со 23,95 отсто, на чија листа се поранешни членови на коалицијата и поранешни пратеници од опозицијата.

Рискелди Момбеков, опозициски кандидат на претседателските избори од партијата Ата Мекан, рече дека претседателот ветил чесни избори, но не го одржал зборот.

Побара од изборната комисија да се поништат изборите за 24 часа.

Во земјата од 6,5 милиони жители често доаѓа до политичка нестабилност. Во последните 15 години симнати од власт се двајца претседатели, а третиот е во затвор по разидување ос наследникот.