(Видео) Снег на Маврово – забеле планината


По интензивните врнежи од дожд во текот на вчерашниот и денешниот ден, Маврово забеле. Врнежите се претворија во снег по падот на температурите. 

Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 87 литри на квадратен метар наврна во  Маврови Анови, по што следат Дебар со 65, Крива Паланка 57, Берово 40, Скопје – Петровец 33, Куманово, Ѓуриште и Попова Шапка 31, Струмица 24, Охрид и Крушево по 23, Скопје – Зајчев Рид 22, Тетово 18, Демир Капија, Гевгелија и Битола по 17, Штип 16, Прилеп 14, Претор 13, Велес 12, Виница10, Тополчани 9 и Дојран со 8 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).