(Видео) Синот на портпаролот на Путин не сака баш да војува: „Мора да разберете… ќе го решам на друго ниво“
Шегаџиите му се јавиле на синот на еден од најблиските сојузници на Путин и му рекле дека е пријавен во војска - но тој одбил

Водителите на рускиот канал на Јутјуб, „Популарна политика“, основан од поддржувачи на Алексеј Навални, во средата му се јавиле на 32-годишниот син на Дмитриј Песков, прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин.
Шегаџиите (прангстери), кои се преправале дека се службеници за регрутирање, му рекле на 32-годишниот Николај Песков дека тој е повикан во војска и треба да оди на лекарски преглед следниот ден.
Дмитриј Низовчев му се јавил на Николај Песков и му се претставил како воен службеник кој сака да го мобилизира, пишува руски Инсајдер.
„Утре во 10 мора да се јавиш за мобилизација“, му рекол Низовчев, укорувајќи го што не се јавил на бројот што го напишал на поканата.
„Овааа… Вие… Очигледно нема да дојдам утре во 10“, им рекол помладиот Песков на шегобијците, според видеото споделено од независната руска информативна веб-страница The Insider. „Мора да разберете… Дека јас сум г-дин Песков. И не е многу добро да сум таму. Во суштина, јас ќе се справам со тоа, ќе се справам со тоа на друго ниво“, вели тој.
They allegedly called the son of Putin’s press-secretary Dmitry Peskov, Nikolay, and asked him why he did not respond to the military commissariat summons 😂
Can’t prove it’s him but the tone of voice is really similar. pic.twitter.com/kQv2WcdcCu
— Dmitri (@wartranslated) September 21, 2022
„Мора да сфатам што се случува и кои се моите права. Утре да ме одведат… Верувајте, тоа не ви треба ниту на вас, ниту на мене. Јас немам проблем да ја бранам татковината, но морам да ја разберам целта на појавувањето таму. Зборувам за одредени политички нијанси“, рекол тој.
Во врска со пријавувањето како волонтер, Песков вели: „Ќе го направам тоа што ќе ми се каже. Ако Владимир Владимирович рече дека морам да одам таму, ќе одам. Јас не сум обичен“, рекол тој, пренесува Инсајдер.
Повикот доаѓа откако Путин најави делумна воена мобилизација како дел од следната фаза од неговата тековна инвазија на Украина. Руските власти соопштија дека 300.000 луѓе биле веднаш повикани.
Објавата предизвика паника меѓу Русите бидејќи некои се обидоа да ја напуштат земјата, а други излегоа на улиците за да протестираат.
Дмитриј Песков лично одговори на повикот за шега, велејќи за рускиот сајт Podyom во средата дека разговорот бил изваден од контекст и дека неговиот син ќе ја донесе „единствената правилна одлука“.
Постариот Песков e официјален портпарол на Путин во последните две децении. Помалку од еден месец откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, САД ги санкционираа неговата сопруга и децата, обвинувајќи ги дека живеат „луксузен начин на живот кој не е во склад со платата на државниот службеник на Песков“.
Неговиот син, кој пораснал во Велика Британија и се школувал таму, исто така бил санкциониран од британската влада во март и оттогаш му е забрането да патува во земјата, објави Телеграф.
Кога се вратил во Русија од студиите во Велика Британија, Песков служел во руската армија од 2010 до 2012 година, објави информативниот сајт Комерсант. Подоцна работел за рускиот телевизиски канал RT, објави Телеграф.