(Видео) Силен земјотрес регистриран на Тајван


На источниот брег на Тајван денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот го погоди градот Тајтунг, но засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот бил на длабочина од 30,6 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Тајпеј.