(ВИДЕО) Шварценегер нокаутиран од напаѓач кој извикува: „Итно ми треба ламборгини“


Неименуван напаѓач го нападна холивудскиот актер Арнолд Шварценегер во Јужна Африка, каде што актерот беше домаќин на спортски настан.

Шварценегер (71) во моментот додека снимаше видеозапис за социјалните мрежи беше нападнат од човек кој му скокна одзади и го собори.

Обезбедувањето веднаш скокна на напаѓач кој викаше: „Итно ми треба ламборгини?!“

„Ви благодарам за вашата загриженост, сè е во ред. Мислам дека некој ме турна бидејќи имаше многу луѓе. За среќа, идиотот не ми ја уништи снимката за Снепчет“, напиша Шварценегер на Твитер.