(ВИДЕО) Што содржи мистериозниот оклопен воз на Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун користи свој личен оклопен воз за патувања во други земји.

Возот го наследил од татко му, кој со него патувал во Кина и Виетнам.

Ким со овој воз допатува во Владивосток на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Оклопниот воз на Северна Кореја и го поклони Сталин. Локомотивата и вагоните неколку пати се модернизирани во последните децении, а композицијата ја сочинуваат 10 до 17 оклопни вагони.

Надворешно возот изгледа многу скромно, меѓутоа внатре е „вистински дворец на шини“. Вагоните се многу различни – има ресторан, кујна и таканаречен економски вагон кој лидерот на Северна Кореја го користи за советување за време на патувањето. Предвидени се и посебни вагони за телохранителите и персоналот.

Секој вагон е непробоен и во него се искористени специјални материјали за криење од шпиони. Во возот има средства за заштита од термо, звучни и радарски шпионски уреди. Сите канали за комуникација во возот се кодирани неколку пати заради заштита од прислушување.

Патничкиот вагон тежи околу 60 тони, а вагонот на лидерот е тежок околу 80 тони.

Возот поседува систем за целосна херметизација и принудна вентилација. Тие средства треба да му овозможат на лидерот да преживее во случај на нуклеарен, хемиски или бактериолошки напад.