(Видео) Шампионска парада на женскиот и на машкиот тим на Барселона, присуствуваа 76 илјади луѓе


Машкиот и женскиот фудбалски тим на Барселона вчера ги прославија шампионските титули.

Според „Марка“ повикувајќи се на полициски информации, на парадата присуствувале 76.000 луѓе. Автобусите со тимови тргнаа од стадионот „Камп Ноу“ до Триумфалната капија.

Фудбалерите им делеа на навивачите шалови и маички, додека тренерот Чави, подели неколку лименки пиво со навивачите.

Френк Кеси и Роберт Левандовски ги покажааа своите танцувачки способности, а Жил Кунде на парадата пристигна во маица на Усман Дембеле.

Женскиот тим на Барселона 4-ти пат по ред го освои шампионатот на Шпанија, машкиот првпат по четири години.