(Видео) Северина во Струмица пред 50 илјади фанови: Сексапил во црно


Колку регионалната поп-ѕвезда Северина е сакана во поранешните републики зборува податокот дека на нејзиниот концерт во Струмица пристигнал цел политички врв на Македонија, на чело со премиерот Заев“, пишуваат хрватските медиуми.

Пејачката се пофали на својот Фејсбук профил дека на концертот присуствувале 50.000 луѓе.

-Каква ноќ, каков концерт пред 50.000 луѓе!, напиша таа, покрај постираните фотографии од настапот.

На сцената настапила облечена во црно, чипкасто боди во комбинација со мрежасти хулахопки и ултра-високи чизми.

Севе национале, среќно мажена, пееше низ многу градови во Македонија – во Скопје, Струга, Прилеп, Куманово…, и на концерти, и на тезги, и како заштитно лице на познати брендови. Во Македонија се чудат како тоа таква ѕвезда, а пее во Куманово или Прилеп… Ама фановите се среќни, а и нашите локални бизнисмени.