(ВИДЕО) Сензација на „Камп Ноу“, Славија освои бод против Барса, Лајпциг го совлада Зенит


Барселона приреди ново разочарување за своите навивачи, откако по поразот во Ла Лига од Леванте во последното коло, вечерва ремизираше со Славија Прага на домашен терен во рамките на Лигата на шампионите, со 0:0.

Каталонците важеа за огромни фаворити на овој натпревар, но храбрата Славија успеа да извлече бод. Барса имаше иницијатива и посед на топката, имаше и неколку зицер ситуации, но не успеа да ги искористи, пред се благодарение на голманот Колар кој имаше неверојатни интервенции на голот.

Славија и Барселона успеаја да постигнат и по еден гол вечерва, но и двата беа поништени поради офсајд, а Лео Меси ја погоди и пречката во првото полувреме. На крајот гостите од Прага имаат повеќе причини за радост, освојувајќи го вториот бод сезонава во Лигата на шампионите, вторпат на гостински терен.

На вториот натпревар кој се одигра во Санкт Петерсбург, РБ Лајпциг дојде до победа над Зенит со 2:0. Дем во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме донесе водство за „Биковите“, а конечните 0:2 ги постави Сабицер во 63. минута од мечот..