(Видео) Сенаторот Мич Меконел „замрзна“ сред прес-конференција


Водачот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, се чинеше дека не можеше да зборува на половина пат од прес-конференцијата.

Меконел почна да зборува на прес-конференција, но одеднаш престана, се „здрви“ и не можеше да продолжи понатаму.

Не изусти ниту збор, само тупо гледаше пред себе. Тој беше одведен од говорницата вон неговата канцеларија од колегата републиканец, сенаторот Џон Барасо. Кратко време подоцна, Меконел се вратил и му рекол на новинарот Ману Раџу од CNN дека сенаторот е „добро“.

 

Адисон Мичел МекКонел, роден на 20 февруари 1942 година, е американски политичар и пензиониран адвокат кој служи како висок сенатор на Соединетите Држави од Кентаки,  од 1985 година. Меконел е лидер во Сенатот на Републиканската партија од 2007 година и служи како лидер на малцинствата од 2021 година.