(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел


 

Денеска попладне изби пожар во техничка просторија на 27 кат на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел.

На терен се противпожарните сили на Антверпен. Густиот црн чад кој се крева во воздухот се гледа од далеку. Противпожарниот командант Берт Бругхеманс рече дека се работи за многу сериозен пожар.

Пожарот избил на 27-миот кат поради запален изолациски материјал. Никој, за среќа не е повреден.

https://www.youtube.com/watch?v=7w9TJb530pc