(Видео) Се урива дивоградбата кај „Мавровка“


Екипа на Јавното претпријатие за патишта почна со уривање на дивоградбата пред „Мавровка“.

Погледнете во живо:

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/320821329168313

Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.