(Видео) Се срушил приватниот авион на Пинк во Данска, нема потешко повредени


Данска- Приватниот авион на поп-ѕвездата  Алиша Бет Мур, попозната како Пинк, синоќа се срушил во текот на слетувањето на данскиот аеродром Орхус.

Во авионот се наоѓал екипажот, како и менаџерот на Пинк, а на снимката од местото на несреќата се гледа како пожарникарите веднаш се упатиле кон местото за да го изгаснат пожарот и да им помогнат на патниците.

Според наводите, авионот “Cessna 560XL” летал од Норвешка, а пожарот избил неколку минути пред слетувањето. Благодарение на неверојатната среќа и способноста на пилотот, никој од 10-те патници не е потешко повреден. Во авионот се наоѓале четворица американски државјани, двајца Австралијанци, еден британски државјанин, пилоти од Германија и Австрија и една германска стјуардеса.

Концертот кој е закажан за денес во Стадиум Каса Арена во Данска ќе биде одржан. Пинк моментално е на турнејата “Beautiful Trauma”, а по Данска, ја очекуваат концерти и во Германија (9-ти август) и Холандија (11-ти август).

Пејачката сè уште не се огласила по повод авионската несреќа.