(Видео) Се случува еднаш во 1.000 години: Невреме го опустоши најжешкото место на светот


Долината на смртта деновиве ја опустоши силно невреме пропратено со дожд, кое го поплави тој национален парк. Се уште трагаат по заробените, а штетата е голема.

Неодамнешното невреме и обилните дождови во Долината на смртта не само што ги поплавија патиштата, туку и ја оштетија инфраструктурата и ги однесоа автомобилите. Метеоролозите и претставниците на паркот го опишуваат како настан што се случува еднаш во илјада година.

За само три часа, 75 отсто од просечните годишни врнежи паднале во Долината на смртта, соопштија експертите од Опсерваторијата на Земјата на НАСА, а во тој момент стотина посетители и вработени во паркот останале заробени, бидејќи сите патишта биле непроодни.

Водата се повлекла, но зад себе оставила наслаги од кал и чакал, а спасувачките служби почнале да извлекуваат луѓе, пишува Гардијан.

Проверката се уште е во тек

Нема информации за повредени, но властите во Калифорнија вршат воздушно истражување на паркот, се вели во соопштението на Службата за национални паркови, за да потврдат дека возилата сè уште не се заглавени во оддалечените области на паркот, пренесеува Дневник.хр.

Даниел Берк, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Лас Вегас, ја опиша поплавата како историски настан кој се случува еднаш во 1.000 години, со веројатност од 0,1 отсто во дадена година.

Но, настаните како овој, за кои некогаш се мислеше дека се исклучително ретки, се во пораст. Научниците откриваат дека временските екстреми, поттикнати од климатската криза, се сè поверојатни и на американскиот запад.

Долината на смртта е најсувото место во Северна Америка и е позната по температурите кои знаат да се зголемат повеќе од кое било друго место на Земјата.

Началникот на паркот, Мајк Рејнолдс, рече дека ќе биде потребно време за обнова, додавајќи дека властите сè уште ја проценуваат штетата, која опфатила 3,4 милиони хектари и повеќе од 1.000 километри пат во паркот.