(Видео) Рубљата во слободен пад, луѓето во паника се обидуваат да подигнат пари од банкомати


Откако Западот воведе строги економски и финансиски санкции кон Русија, кои вклучуваат протерување на дел од руските банки од системот SWIFT и замрзнување на финансиите на руската централна банка, Русите се упатија кон банкоматите.
Вредноста на руската рубља драстично падна. Рускиот весник „Новаја газета“ објави видео на кое Русите во Москва чекаат во редици за да ги подигнат парите од банкоматите.