(Видео) Расте бројот на починати од ерупцијата на вулканот Семеру


Бројот на мртви во ерупцијата на индонезискиот вулкан Семеру се зголеми од 22 на 34, објави денеска портпаролот на агенцијата за управување со катастрофи.

„Според последните податоци 34 настрадаа, а 17 се водат како исчезнати“, рече тој.

Ерупцијата се случи во саботата кога со пепел беа прекриени и уништени повеќе од 10 села.

Ерупција на вулканот Семеру последен пат имаше во јануари годинава, но тогаш немаше жртви.

Индонезија се наоѓа во пацифичкиот огнен појас каде често има земјотреси и ерупции на вулкани.

Југоисточниот азиски архипелаг опфаќа повеќе од 17.000 острови и повеќе од 130 активни вулкани.