(ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот вели негово право било

Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како поголем број деца се имаат качено на оградата на едно од живеалиштата, и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено.
На видеото може да се забележи како тој како вработен во Зоолошката градина, им пристапупва на децата и им укажа дека не смеат да стојат на оградата. Сепак, таму имаше и родители кои возвратија со контра реакција.
„Господо! Господо, доле! Доле господо“, им вели Иванов, по што еден родител возврати: „Полека бе, полека“.
На реакцијата на Иванов дека „децата ви се горе“, родителот возврати со: „Ако де што има врска? Да не се внатре?“.
Негувателот пак продолжи: „Господо, мора доле да бидете!“, на што родителот пак возврати со: „Понашај се малку покултурно“. Иванов на тоа му врати со: „Јас култура, а вие сте на ограда?“, на што родителот додава: „Ако мое право“.
Во натписот на објавата Иванов напиша: „Ризик јак, недела со гостите“.
Во коментарите под објавата имаше голем број на реакции на револт кон ваквото однесување на посетителите на ЗОО Скопје.
Реагираше и познатата инфлуенсерка Ина Многуфина која напиша: „Го изгледав видеото од зоолошка каде некој лик му објаснува на вработениот дека имал он право да му се качуваат децата на ограда. Не знам кое право е тоа ама знам дека ако имавме социјални служби како што треба, денес ќе го викнеа на разговор. Во Норвешка за вакво нешто ќе беше ред солзи ред мрсули со проценка на родителска способност и времено одземање на деца, они се ептен друг левел за заштита на деца. Имал он право да му се качуваат децата на ограда во зоолошка. Бог да чува“ – гласеше фејсбук статусот на инфлуенсерката.