(Видео) Расправија и тепачка во италијанскиот парламент, пратеник изнесоа на количка


Пратеник од опозицијата вчера мораше да биде избркан од италијанскиот парламент по расправија и тепачка за време на дебатата за поголема регионална автономија.

Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди беше турнат и соборен на подот од други пратеници во хаотични сцени во Долниот дом на парламентот, објавија италијанските медиуми.

Дебатата беше за законот за таканаречена диференцирана автономија на регионите предложен од десничарската влада на премиерката Џорџија Мелони. Законот им дава на регионите поголеми овластувања, на што опозицијата се противи.

Кога пред еден месец се расправаше во сенатот, дојде до вербални пресметки меѓу претставниците. Но, сега опозициските парламентарци од Претставничкиот дом вееја италијански знамиња и ја пееја националната химна.

Се туркаа
Кога Доно се обиде да му го даде знамето на министерот за регионална администрација, неколку пратеници се упатија кон него и почнаа туркање, покажуваат видеата.

Остана нејасно дали Доно сам паднал или од ударите, а претседателот на домот ја прекинал седницата и најавил дека кога ќе ја прегледа снимката ќе одлучи за евентуалните мерки.

Говорејќи за телевизијата Ла7, Доно рече дека е во болница и чека да биде прегледан од лекарите откако „бил донесен со многу удари“.

„Не можам да верувам дека такво нешто се случи во Претставничкиот дом. Сè уште не верувам“, рече Доно.