(Видео) Расекле питон и не можеле да поверуваат што извадиле од него


 

Жителите на Флорида во последниве години се борат со бурмански питони.

Не се работи за животни кои вообичаено би требало да бидат во природата на таа американска сојузна држава. Дошле како домашни миленици, но на нивните сопственици им било преку глава, па решиле да ги остават во шумата.

Се случи нешто што и се очекуваше: питоните се намножија и станаа дел од екосистемот, на штета на другите видови.

Затоа почнале да ги ловат. Неодамна една ваква џиновска змија беше совладана од пет ловци, а минатата година го обиколи светот видео кое сведочи за тоа што се случило кога распарчиле питон долг 5,5 метри. На патолозите веднаш им било јасно дека има нешто прилично големо во неговиот стомак – кога погледнале, на шок, откриле дека змијата изела алигатор долг 1,5 метар.

„Овие змии се инвазивен вид кој ги напаѓа еколошки чувствителните области“, како што е Националниот парк Еверглејдс – напиша тогаш научничката Рози Мур под видеото кое го објави на Инстаграм. Во видеото гледаме како експертите прво го чувствуваат телото на мртвиот рептил, а потоа можеме да видиме што вадат од неговиот стомак.

Бурманските питони се меѓу најголемите змии во светот и се познати по тоа што можат да јадат многу голем плен.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rosie Moore (@rosiekmoore)