(Видео) Пукано во автомобилот на поранешниот претседател Атамбаев во Бишкек
На централниот плоштад во главниот град на Киргистан, Бикшек, денеска одекнаа истрели во текот на големиот протест на приврзаниците на ривалските политички струи, јави Ројтерс.
Наводно, било пукано кон автомобилот на поранешениот претседател Алмазбек Атамбаев.
Агенцијата наведува дека демонстрантите се судриле и фрлаат камења и шишиња едни на други.
Автомобиль экс президента Атамбаева обстрелян#kyrgyzstan #bishkek pic.twitter.com/M0PpAf2wS9
— Aigerim Turgunbaeva (@AigiTurgunbaeva) October 9, 2020
Претходно, претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков прогласи вонредна состојба во главниот град Бикшек и нареди распоредување на војската.
Вонредна состојба во Киргистан: Наредено распоредување на војската