(Видео) Првоаприлски метеж на бензинска: Подели 26.000 литри бензин


 

Откако „April Fools Day” (Денот на шегата) го преименува во „Аpril Fuels Day”, створи колона од стотици возила пред бензинска пумпа.

Место првоаприлска шега, Американецот Ерик Бош Џуниор, организира акција во која во текот на денот кога низ светот се кажуваа шеги, да им подели на сите кои ќе му се придружат дури 7.000 галони бензин, што е околу 26.500 литри. Тој, овој своевиден ден ан бензинот го најави на својот Фејсбук прифил, со ветување дека ќе подари повеќе од 30.000 долари вредно гориво.

 

Секако, возачите полудеа по бесплатниот бензин па сета пларана количина била поделена за само два часа. Првите возчаи во ред застанале веднаш по објавата, околу 21.30 часот, па од тогаш чекале цела ноќ до отворање на пумпата.

Изненаден што се појавиле значително повеќе од планираните 400 возила, Бош одлучил да ја продолжи акцијата, за да наполнат гориво и оние кои стигнале од подалечни краишта.

„Никогаш не сум доживеал нешто слично, ова е совршено, совршено“, вели Патрик Хајнс, еден од среќните кој бесплатно го наполни резервоарот.

„Бензинот буквално празни сечиј паричник, вклучително и мојот, и мислам дека со ова ми е вратен секој долар што сум го потрошил на поскапо гориво“, вели восхитено Хајнс за локална ТВ станица.

Америка во последно време се соочува со драстично поскапување на горивото. Цените се толку пораснати, па се почести се кражби на гориво од паркирани автомобили.

„Го наполнив резервоарот на мој пријател неодамна и сметката беше 107 долари. Замислете, 107 долари само за да го натанкам резервоарот. Па тоа не е нормално. Затоа помислив дека треба да направам нешто и се роди April Fuels Day”, објасни Бош кој дошол до оваа интересна акција со помош на локалната заедница.