(Видео) Прва колекција на Ријана: Моќни костуми и торбички на половината


Франција– Од утре, во продавниците на луксузниот бренд „Луј Витон“ низ целиот свет, како и онлајн, ќе можат да се купи градеробата со потпис на поп-ѕвездата Ријана.

Пет дена претходно, прв купувачи на облеката беа Парижани.

Ријана,која веќе една година живее во Лондон, во рамките на француската групација за луксузни добра „Мое Хенеси Луј Витон“ (ЛВМХ) го лансираше брендот „Фенти“, според нејзиното полно име Робин Ријана Фенти.

Во колекцијата доминираат парчиња со истакнати раменици и скриени половини, моќните костуми дури имаат и торбички на половината за да ја истакнат силуетата. Доминираат светлите пастелни бои.

Со оваа соработка ѕвездата влезе во историјата како прва црна жена која ќе води модна куќа, предводена од ЛВМХ, и прва жена која е основач на оригинален моден бренд под покровителство на оваа групација.

„Fenty Maison“ е и првата етикета која настанала во ЛВМХ од 1987-ма година, кога е лансиран истоимениот бренд од дизајнерот Кристијан Лакроа.