(ВИДЕО) Протест за поддршка на Ел Чека пред кичевскиот суд


Пред Основниот суд во Кичево денеска се одржа протест на група граѓани за поддршка на кичеецот Шекерим Ахмети познат како Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше ,,Криминалци”, „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал“..

Организаторите на протестот, кои се преставуваат како Меѓународно Здружение за човекови права велат дека се борат прoтив селективната правда во земјава. На протестот свое учество најави и огранокот на Движењето „Беса” во Кичево, кои јавно ги повикаа нивните членови и симпатизери да се приклучат на денешниот протест.

Инаку, денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.