(ВИДЕО) Протест во Скопје, нападнат братот на Ел Чека


Поттикнати од обајвувањето на прислушуваните разговори група граѓани протестираат против ДУИ на плоштадот Скендербег. Пред почетокот на протестот организиран од семејството на Ел Чека, се случи инцидент, братот на Ел Чека е повреден од страна на Исмет Гури, посведочи мајката на нападнатиот.

Се уште не е познато со каков предмет го нападнал, но неговата мајка, исто така е нападната и има видливи повреди на рамениците, која интервенираше за да го отстрани синот.

На местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристугнување на репортерските екипи.

Протестот е поддржан од неколку невладини организации, но и од многу албански интелектуалци и патриоти од земјата и од странство.

Во моментот демострантите стигнаа пред Владата.