(ВИДЕО) Протест поради доаѓањето на Вучиќ и Додик во Тирана, „Самоопределување“ се судри со полицијата


Движењето „Самоопределување“ за Албанија, вечерва на плоштадот „Народни херои“ протестира поради доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик во Тирана.

Во обидот да го пробијат полицискиот кордон и да продолжат кон хотелот „Шератон“ каде се сместени учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот „Брдо-Бриони“ ,дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што, според дел од медиумите, има полесно повредени.

Учеснците во протестот ја обвинија полицијата дека „е на страна на Србите“, извкувајќи „Вучиќ и Додик надвор од Албанија“.

Полицијата ги демантира тврдењата на претставниците на Движењето „Самоопределување“ дека добиле дозвола за одржување на протестот.

Српскот претседател Вучиќ се уште не е прстигнат во Тирана, додека Додик по пристигнувањето кусо изјави дека „не го импресионирале протестите на кои се прогласува за непожелна личност во Албанија“.