(Видео) Пронајдена најголемата змија на светот


Во амазонската прашума е откриена најголемата змија на светот.

Северната зелена анаконда, долга помалку од осум метри и тешка речиси 200 килограми, ја откри професорот и ТВ водител Фрик Вонк. И покрај тоа што анакондата имала глава со големина на човек, професорот Вонк (40) не се плашел да му пријде на чудовиштето.

Неверојатна снимка покажува холандски биолог како плива покрај џиновска анаконда дебела како автомобилска гума.

Досега, само еден вид зелена анаконда – исто така наречена џиновска анаконда – е препознаен во Амазон. Северната зелена анаконда сега е потврдена како посебен вид во новата студија објавена во Diversity.

– Заедно со уште 14 научници од девет земји откривме дека најголемиот вид змии во светот е зелената анаконда. Тие се всушност два различни видови. Зелените анаконди пронајдени на север од нивниот опсег во Јужна Америка, вклучувајќи ги Венецуела, Суринам и Француска Гвајана, се чини дека припаѓаат на сосема поинаков вид. Иако на прв поглед изгледаат речиси идентично, генетската разлика меѓу нив е пет и пол проценти и тоа е огромна. Луѓето и шимпанзата, на пример, генетски се разликуваат едни од други за само околу два отсто – вели Вонк.

Новиот вид го доби латинското име Eunectes akaiima или северна зелена анаконда. Истражувачите велат дека веќе е загрозена.