(Видео) Пролетта на пауза: Сарево под снег, забеле и Далмација
Пролеттка накусо паузира, со оглед на тоа дека снежен покривач од неколку сантиметри го покри поголемиот дел од Босна и Херцеговина, но и Хрватска, делови од Србија, а утрово вееше и во Скопје.

Во Босна и Херцеговина, како и во Хрватска снег паѓаше речиси цела ноќ, а утрово беше отежнато заминувањето на работа на граѓаните, поради отежнато движење во сообраќајот.

Градските улици се проодни, но во повисоките делови од градот ситуацијата е лоша со оглед на тоа што снегот кој падна не е исчистен, јавува Кликс.

Во Хрватска од рано изутурина паѓа снег, температурите во одредени делови од државата се спуштија и под нулата. Снегот паѓа и во Загреб и Далмација.
Се очекува создавање на снежна покривка на планините, додека на Јадранот ќе паѓа дожд, на северниот дел и снег.
Aprilski snijeg u Dalmaciji pic.twitter.com/zRucGghhlX
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) April 6, 2021
Снег во Белград паѓал цела ноќ, а во текот на денот, според најавите на метеоролозите, можни се нови врнежи.
Утро студено и облачно, над поголемиот дел од Србија со повремен снег, во пониските области со помалку снежна покривка и во планинските подрачја со зголемена длабочина на снег.
Во Србија утрово е студено и ведро време над поголемиот дел од земјата, со слаб мраз, а во текот на денот облаците од север и запад ќе се шират на целата земја, предизвикувајќи дожд во пониските региони и лапавица и снег во повисоките места, информираат од Републички хидрометеоролошки институт на Србија (РХЗС).