(Видео) Прочуениот роман на Орвел станува видео-игра: Орвеловата животинска фарма

 

Познатиот роман на Џорџ Орвел, „Животинска фарма“, кој во текот на сите овие години е актуелен потсетник во која погрешна и антиутописка насока цивилизацијата може да оди, сега добива своја видео игра.

Играта е наречена Orwell’s Animal Farm (Орвеловата животинска фарма) ќе го следи развојот на настаните од книгата, додека играчите од прва рака ќе можат да ја искусат лошата страна на преголема моќ, пишува play.co.rs. Играта че има елементи на баласирање на ресурсите во домаќинството, каде вие бирате дали сите ќе добијат еднакво, одбрана и генерално зачувување на моралот на фармата.

Ова дело е интересна идеја за видео-игра, и останува да се види дали ќе постојат повеќе завршетоци, односно дали ќе може да се смени самиот крај на книгата и да се креира потполно друга слика за фармата која н паднала под тоталитаризам.

Зад играта стои „Нериал“, кој планира играта да ја пушти во текот на есента. Дотогаш погледнете го трејлерот.