(Видео) Пробиен превојот кон Галичник: На патот се издигаат снежни ѕидови високи по два метри


Дека е дојдена пролетта во Мавровскиот Регион се смета кога превојот Царевец на патот кон Галичник ќе биде пробиен. Снежните ѕидови некогаш се издигаат и до 4 метри висина. Делот кој со возило се минува низ снежниот тунел е навистина живописно искуство, стои во објавата на фејсбук-страницата „Ski Hut Gorica – Mavrovo“.

За жал, пробивањето на патниот правец годинава беше и запаметено по кражбата на двесте литри гориво од булдожерот што работеше на расчистување на снежните наноси, за што известивме претходно.