(Видео) „Преспав“ со вонредна епизода посветена на кризата со коронавирусот


„КОВИД еден без дваесет” е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав” и ја направивме затоа што хуморот и ведрината се добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво, вели продуцентот Пеце Талески.

Епизодата се снимала три дена, од 21 до 24 април во студијата на МРТ, а тимот работел волонтерски.