(Видео) Пребројување и први фотографии од сите штркови и гнезда во Чешиново


Здружението „Оризова братимка“ има интересна иницијатива и цел – да ги преброи сите штркови во Чешиново и сето тоа да го документира со фантастични фотографии направени со дрон.
Планот е секојдневно да се објавуваат по неколку фотографии од 21-то гнездо, колку што вкупно се пребројани на повеќе покриви на куќи и на бандери.
Инаку, само за потсетување, Чешиново-Облешево е Европско село на штркот за 2013 година.