(Видео) Позната атлетичарка трчаше кон победа, ненадејно колабираше пред целта
Познатата атлетичарка Летесенбет Гидеј колабираше на само десет метри пред целта на трката од Светскиот шампионат во „крос кантри“.
Етиопјанката Летесенбет Гидеј е една од најдобрите светски тркачки на долги патеки, а моментално е на Светското првенство во крос што се одржува во Батурст, Австралија.
Таа денеска настапи на трката на десет километри, каде во целта влезе како водечка тркачка. Но, во еден момент можеше да се забележи дека таа ја губи брзината, поради што најблиската придружничка почна да го намалува водството, а потоа се случи неочекуваното.
Во моментите кога Агнес Тироп Чебет, спортистка од Кенија, ја стигна, Гидеј колабира и падна на патеката. Маж од публиката веднаш се обиде да ѝ помогне, но таа автоматски беше дисквалификувана со тој потег.
Wait for the finish 😳#WorldCrossCountry pic.twitter.com/vRCje0fGuR
— World Athletics (@WorldAthletics) February 18, 2023
Во моментов не е позната здравствената состојба на бронзената олимпијка од Токио и минатогодишната светска шампионка од Јуџин, но вакви колапси не се ретки на слични трки. Овде, сепак, карактеристично е што тоа се случи на водечката натпреварувачка во самиот финиш.