(ВИДЕО) Пожар во затворот „Идризово“


Пожар избувна во стариот дел од зградата во затворот „Идризово“ попладнево, по што дел од затворениците биле евакуирани од просториите, а интервенирала и противпожарната служба.

Според информациите повредени нема, а првично реагирала затворската полиција која успеала да го изгасне пожарот, откако претходно евакуирала дел од затворениците коис е наоѓале во тој дел од затворот. Пожарот избил во делот каде што се чувале ќебиња и душеци.

Полицијата дополнително ќе треба да ги утврди причините за настанатиот пожар.