(Видео) Пожар во Грција два дена уништува куќи и шуми


Втор ден грчките пожарникари се борат со шумскиот пожар кој избувна во источниот дел на Пелопонез. Пожарот сè уште беснее и уништува куќи и хектари шумски области. Евакуирани се над илјада луѓе од шест населени места во јужна Грција.

Во обид да го контролираат пожарот на терен се 236 пожарникари, заедно со 54 возила, шест хеликоптери и четири авиони.

Засега нема извештаи за евентуални жртви.

Пожарникарите ги евакуирале жителите на селото Атикија, како и децата од блискиот летен камп и неколку други станбени области.

Локалните медиуми јавуваат дека избувнале уште пет пожари во јужна Грција и во други делови на земјата.

https://youtu.be/u7fcOWEwa9o