(Видео) Потоп во Загреб


 

Токму како што беше најавено невремето стигна во Загреб, главниот град на Хрватска вечерва во 21 часот.

Како што јавуваат читателите на Индекс, дува силен ветар и паѓа дожр, а небото го параат молњи. Прекинат е трамвајскиот сообраќај по главната улица „Илица“, како и на други линии. Многу делови од градот се потопени, а автомобилите заглвени во вода.

https://twitter.com/m_ateja_/status/1286750985650688013?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1286751428695019521%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fclanak.aspx%3Fid%3D2200690

Според читателите повеќе од дваесет минути грми, но најстрашна е количината вода која паднала.

За кусо време пожарникарите добиле многу повици, а во тек се 70 интервенции. Линиите на противпожарната служба се недостапни, поради многуте повици.

https://www.instagram.com/p/CDCdkKzJeBb/?utm_source=ig_embed

За подрачјето на Загреб и Карловац објавен е црвен аларм за вечерва.

Невремето утре треба да замине накај Славонија, Барања и Срем.