(Видео) Последни подготовки пред инаугурацијата на Бајден, што со нуклеарниот куфер


Во Вашингтон течат последните подготовки пред церемонијата за инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден. 

Пред Капитол наредени се 200.000 знамиња, во замена за граѓаните кои на претходните избори на претседател традиционално ја следеа инаугурацијата, но годинава тие ќе изостанат како превенција од пандемијата од Ковид-19 и страв од напади, по упадот во Конгерсот на 6 јануари.

Не се знае како ќе биде предаден нуклеарниот куфер

Претседателот во заминување Доналд Трамп нема да присуствува на денешната аинаугурација, а неговото отсуство најмногу влијае на најважниот детал – предавањето на нуклеарниот куфер.

Официјално, нема објаснување како Трамп ќе му го предаде нуклеарниот куфер на Бајден, од кој американскиот претседател во секој момент може да ги лансира нуклеарните ракети, а го носи воен помошник, кој во секој момент мора да е до претседателот.