(Видео) Посебно предупредување за Дубровник: Службите на нозе


За добар дел од Хрватска денеска е прогласен црвен метеоаларм, а за Дубровник е издадено посебно предупредување затоа што се очекуваат ветришта од 143 километри на час.

Во предупредувањето се вели граѓаните да внимаваат на пад на конструкции, ризик од повреди поради откорнати стебла, скршени гранки и летечки кршови. Не се исклучува можноста осд поплави поради очекуваните дождови до 40 литри на метар квадратен.

Затоа, сите служби на Градот Дубровник се во состојба на подготвеност.

Особено на опасност се предупредени поморците, а да се внимава и на ризикот од значителни оштетувања на инфраструктурата.