(Видео) Поранешниот пејач на „Секс пистолс“ не успеа да победи за Евросонг во Ирска


 

Поранешниот пејач на „Секс Пистолс“, Џони Лајдон (67), попознат како Џони Ротен, се обиде да избори настап на Евросонг оваа година, но не успеа.

Ротен настапи на изборот на песна за Евровизија во Ирска, со песната „Хаваи“, која ја посвети на својата сопруга Нора, која болегува од Алцхајмерова болест, и сакаше со неа да ја подигне свеста за оваа болест во светот.

Но, Ирска на Евровизија ќе ја претставува бендот „Wild Youth“, на кои ова им беше своевиден пробив на сцената. Ирска полага многу надеж во овој бенд.

Ротен пак, на крајот заврши четври, а пред настапот рече дека е многу загрижен заради можната победа, затоа што тогаш некое време ќе треба да биде одвоен од сопругата Нора, која живее со него и со семејството во Лос Анџелес.

Евровизија оваа година се одржува во Ливерпул, Велика Британија, а ќе учествуваат 37 земји.