(Видео) Поради поплави и одрони непрооден е патот на Плетвар


Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот. Изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот, информираат од ЦУК.

 Од Центарот за управување со кризи велат дека според информациите кои ги добиле од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон на патот помеѓу Росоман и Прилеп, кај месноста „Трите ленти“.

– Изведувачот на новиот пат работи со механизација на расчистување на патот. Претпоставка е дека сообраќајот ќе биде во прекин 5-6 часа, нагласува Илија Бојаровски од ЦУК.

Граѓани на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од состјбата на патот, незадволни што надлежните навреме не презеле мерки да не дојде до оваа ситуација. 

 

Обилните дождови во последните неколку дена, доведоа до излевање на реката што се наоѓа покрај патот, а градежните работи кои се изведуваат на него, дополнително ја влоѓија ситуацијата.