(Видео) Поплавени шаторите во кои живеат жртви од земјотресот во Турција


Обилни врнежи во југоисточна Турција им предизвикуваат проблеми на луѓето кои останаа без своите домови во регионот погоден од земјотресот. Во Искендерун, во провинцијата Хатај, дождот ги поплави шаторите, објави денеска новинската агенција DHA.

На фотографиите и видеата се гледаат бари и кал околу шаторите.

Опозицискиот политичар Канан Кафтанчиоглу на Твитер сподели видео на кое се гледа жена како плаче и се обидува да извади вода од шаторот.

Кафтанчиоглу рече дека луѓето сè уште не биле сместени во бродските контејнери, како што беше ветено, повеќе од еден месец по земјотресот.