(Видео) Полицијата во Минеаполис приведе новинар на Си-Ен-Ен при пренос во живо


Трета вечер по ред, на улиците на американски градови се одржаа насилни протести поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд (46), кој беше задушен додека белец полицаец го притискаше неговот грло со колено.

На протестите беа подметнувани пожари, кршење и грабежи, а ситуацијата е најдраматична во Минеаполис, градот каде беше убиен Флојд.

Бесот на хулиганите кои се инфилтрираа во демонстрантите траеше цела ноќ, а според американските медиуми, пред утрото, полицијата во голем број излезе на улиците. Тие се обидоа да го вратат редот во градот, и притоа тим на Си-Ен-Ен беше уапсен за време на операцијата.

Новинарот на Си-Ен-Ен, Омар Хименез се јави во живо во програма на тој канал кога му пристапија специјалци и беше уапсен. Јасно се слушаше дека Хименез рече дека е новинар и дека тој и тимот ќе се преселат таму каде што не би ги вознемириле полициските службеници при нивната интервенција, но полицијата не реагираше на негвоите зборови. Тие му ставија лисици на рацете и го одведоа.

 

 

Медиумот на Твитер објави дека полицијата го крши првиот Амандман на Уставот на САД и ги повика властите да го ослободи новинарот. зш/

Minnesota police arrest CNN reporter and camera crew as they report from protests in Minneapolis https://t.co/oZdqBti776 pic.twitter.com/3QbeTjD5ed

— CNN (@CNN) May 29, 2020