(Видео) Погодена рафинерија во Русија. Се слушнаа три експлозии, се крева густ црн чад


Пожар избувна во реонот на нафтена рафинерија во рускиот град Рјазан и во тек е неговото гаснење, потврдија оперативните служби за државната новинска агенција Тасс.

„Веројатна причина за пожарот е пад на дрон“, изјави извор од оперативните служби.

Итната помош пристигнала на местото на настанот. Две лица се пренесени во локалната болница во умерена состојба. Превезени се две жртви, нивната состојба е средно тешка и се хоспитализирани на Одделот за трауматологија“, соопштија од болницата.

Пожарот зафатил 100 квадратни метри. Руските Телеграм канали јавуваат дека очевидци слушнале три експлозии. Според извори, гори инсталацијата на разменувачот на топлина. Се појавија повеќе снимки, вклучително и онаа на која се гледа како Русите неуспешно се обидуваат да соборат едно од беспилотните летала.

По експлозиите и пожарите во рафинеријата за нафта, локалните жители забележале нови беспилотни летала како летаат над градот. Во исто време, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објави дека 45.000 луѓе останале без електрична енергија во округот Шебекин поради ноќен напад со дрон, пренесуваат агенциите.