Средбата кај Пендаровски се претвора во маратон


Веќе два и пол часа се водат разговори кај претседателот Стево Пендаровски околу датумот за парламентарните избори, помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Средбата започна во 18,30 часот и според фотографиите што беа споделени од кабинетот на претседателот во просторијата се само тие тројца. Дали, во меѓувреме, им се приклучил и некој друг не е познато.

Новинарските екипи се надвор пред вилата, но никој нема информации што се случува внатре и дали е можно двајцата лидери да најдат заеднички јазик околу датумот изборите и деталите како да се спроведуваат.

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, на еден час пред почетокот на средбата изјави дека избори во Македонија треба да се одржат, а датумот да се утврди согласно законите и Уставот.