(Видео) Почина бебето во Чикаго чија мајка беше убиена, а тоа извадено од утробата

Бебето Јовани Џардиел Лопез денеска почина во болницата во Чикаго од тешки повреди на мозокот, предизвикани со ножот со кој монструмката и го сечела стомакот на младата мајка.

Имено, деветнаесетгодишната Марлен Очоа- Лопез од Чикаго беше убиена во деветиот месец на бременоста од 46-годишната Клариса Фигуероа, а во тоа ѝ помогна нејзината ќерка.

Двете жени ја запознале бремената тинејџерка на Фејсбук, каде ѝ напишале дека ќе ѝ подарат бебешка облека. Тинејџерката отишла на адресата и не излегла жива од зградата.

Средовечната жена и го исекла стомакот, го извадила бебето и телото на девојката заедно со ќерката го фрлиле во контејнер. Потоа Клариса повикала итна помош и побарала да ја однесат во болница, зашто наводно, таа се породила и бебето е во критична состојба.

Но, докторите утврдиле дека жената воопшто не е родилка и пријавиле во полиција дека се сомневаат оти нешто ѝ се случило на вистинската мајка, но дури неколку недели подоцна.

Бебето, кое почина денеска, од 30. април беше вклучено на апарати.

Намамиле трудница во стан во Чикаго, ја убиле и ѝ го извадиле бебето