(ВИДЕО) Победничкиот гол на Вардар!


Од последните секунди кога се случува пресврт и Вардар победува:

 

Ракометарите на Вардар по втор пат во својата историја ќе играат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарци вечерва во Келн ја победија Барселона со 29:27.

Противник на македонскиот шампион утре во финалето ќе биде Веспрем.

До големиот подвиг Вардар дојде по подобра игра во второто полувреме кое го доби со 20:11. Ретко кој очекуваше дека по водството на Каталонците на полувремото со седум голови разлика (16:9), дека македонскиот тим може да се врати, но така не мислеа избраниците на Роберто Парондо. Тие со неверојатен пресврт им приредија голема радост на своите навивачи во арената во Келн и воопшто секаде низ светот.