(ВИДЕО) Пет лица загинаа при уривање на зграда во Шангај


Во зградата која денеска се урна во финансискиот центар на Шангај загинаа пет лица, а 14 се извлечени од под урнатините.

Спасувачката служба соопшти дека зградата во дистриктот Чангнинг во моментот кога се урнала била во фаза на реновирање, со цел во неа да се отвори салон за продажба на автомобили.

Причина за уривањето на објектот се уште не е позната.