(Видео) Падна воен авион во Србија, се трага по пилотот


Утрово во близина на Лозница, Србија се урна воен авион, стар модел „Миг-21“, а надлежните трагаат по пилотот.

Според српските медиуми, на местото на несреќата се пожарникари и полиција, а надлетуваат и воен и полициски хеликоптер.

Според неофицијални информации од местото на несреќата, од двајцата пилоти, еден успеал да се катапултира, а по него се трага.

https://www.facebook.com/zvorniktoday/posts/3356271431089407